Нокти дизајнирани со златна фолија – галерија

Дали некогаш сте употребувале фолија за да добиете убав дизајн на ноктите? Доколку не, Ви препорачуваме уште веднаш да пробате. Процесот воопшто не е тежок и дефинитивно е забавен.

Фолијата за нокти, особено златната фолија може да се комбинира со било која боја на лак. Без разлика на тоа дали ќе го прекриете целиот нокт со фолија или само ќе ги прошарате, ефектот ќе биде воодушевувачки.

Златната фолија одлично се вклопува со „nude“ нијансите. Класичната црна боја во комбинација со златната е безвременска. Бидете сигурни дека нема да погрешите. Белата боја на ноктите можеби Ви изгледа малку покомплицирана, но прошарана со златна фолија ќе изгледа многу забавно. Оваа комбинација ќе се вклопува со било кое парче облека. И за крај, златната фолија можете да ја комбинирате и со неколку силни и живописни бои.

 

Е.С.

 

Photos/pinterest.com

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземена истата.