Неодоливо вкусно: Чоколаден леб

За овој викенд Ви предлагаме да подготвите вкусен чоколаден леб, кој секако ќе Ви биде за десерт или за ужина.

ifoodreal.com, artisanbreadinfive.com
ifoodreal.com, artisanbreadinfive.com

Потребни состојки:

3 јајца

125 гр саморастечко брашно

100 мл млеко

180 гр путер

180 гр шеќер

4 супени лажици какао

½ кесичка прашок за пециво

400 гр млечно чоколадо

Начин на подготовка:

Најпрво се загрева рерната на 180° Целзиусови.

Путерот и шеќерот се матат со миксер сè додека да се добие лесна пенаста структура. Потоа, се додаваат брашното, јајцата, млекото, какаото и прашокот за пециво и повторно се меша. Чоколадото се дроби и се додава во смесата.

Смесата се истура во долгнавесто тавче за леб, претходно премачкано со масло.

Се пече на 150°, околу 45 минути.

Оставете го да се олади, пресечете го на парчиња и послужете го.

Можете парчињата леб да ги декорирате со шлаг и свежо овошје или пак, да ги премачкате со џем. Дополнително, послужете и чај.

На здравје!

 

Е.С.

 

photo1/ tasteofhome.com

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземена истата.