Освежувачко и здраво „smoothie“ за добро утро

Претпоставуваме дека овие состојки, односно ова овошје ви е доста познато и често употребувано. Целата комбинација е доста вкусна и здрава, а додатокот на ѓумбирот ја прави помоќна и уште поздрава. Ова смути е посебно освежувачко, и идеално за топлите денови кои ни доаѓаат.

2

За едно лице, потребно е:

1 поголемо јаболко, или 2 мали

1 крушка

1 банана

1 цеден портокал

Суво грозје (5-6)

Малку ленено и чиа семе по желба

½ кафена лажичка ѓумбир во прав (доколку ви и е јак вкусот, може и помалку)/

*Сите состојки ги блендате со малку вода, зависно од густината која ја сакате.

Уживајте!

Д.Б

photo1/

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземена истата.