Зелено „smoothie“ со моќни состојки

Ова смути содржи здравите масти кои ги има во авокадото и кокосот, исто така и во лененото семе кое изобилува со Омега-3. Бобинките и ананасот се богати со антиоксиданси кои Ве штитат од настинки и носат со себе уште многу бенефиции за целиот организам. Зелените лисести растенија, како кељот содржат минерали и хлорофил кои помагаат при зајакнување на целото тело.

2

Потребни состојки:

2 шолји вода

1 супена лажица кокосово масло

½ авокадо

1 ½ шолја сецкано авокадо

1 шолја малини

2 супени лажици свежо цеден сок од зелен лимон

2 супени лажици мелено ленено семе

3 големи листови кељ

Начин на подготовка:

Сите состојки ставете ги во блендер и изблендирајте. Содржината сипете ја во 2 чаши и декорирајте со кокос.

На здравје!

 

Е.С.

 

photo1/ www.aldi.ie

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземена истата.