Во плакарот: Светло тексас фармерки-галерија

Многупати имаме зборувано за тоа дека тексас фармерките се основното парче облека кое секој го поседува во својот гардеробер.

Оваа пролет на модната сцена се наоѓаат фармерките од светол тексас. Секако, за да бидете во тренд, полн погодок ќе добиете доколку купите светли тексас фармерки со везени цветни дезени.

Овие фармерки совршени се и за попладневни и за вечерни излегувања или пак, за на работа.

Можете да ги комбинирате со џемпери и блузи во нежни и светли бои, со свилена блуза или кошула, чевли на високи или ниски потпетици, високи или кратки чизми, патики, бомбер или кожна јакна или капут.

Ви предлагаме неколку пролетни комбинации со светли тексас фармерки:

Photos/pinterest.com

 

Е.С.

 

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземена истата.