Книга на неделата: „Повикувач на дожд“

Повикувач на дожд

Автор: Јиржи Хајичек

Збињек, самостоен референт за недвижности, по многу години се сретнува со својата некогашна љубов за да ѝ помогне во, на прв поглед, едноставен имотноправен проблем. Се враќа во родното село, во местото на своето детство и созревање, и постепено ќе се заплетка во нејасни околности околу спор за имот, но и во својата лична и брачна криза. Се бори со несоница, талка низ пределот и низ катастарските мапи, а над нив како призрак се издигнува откачениот селски авијатичар од осумнаесеттиот век. Во клучен момент Збињек стапува во акција за едно утро „да не се разбуди како некој друг“.

Прогласена е за книга на годината во анкетата на весникот „Лидове новини“ за 2016 година.

2

Издавач: Антолог

*Книжевен центар Антолог ул. „Ѓорѓи Пулевски“ бр. 29 лок.1
*Книжарница Антолог ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 31 лок.1 Скопје

+389 78 290 745
www.antolog.mk

Fb/Книжевен центар АНТОЛОГ

Купете online

 

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeн текстот.