„Ин“ бои на коса за пролет 2018

Доколку сакате д експериментирате со боите, или пак, сакате да извадите прамени, оваа пролет е совршена за тоа. Ова се боите кои се „ин“ оваа пролет:

Пепеласта лаванда

Ако веќе сте русокоса, ова е совршена можност за Вас да извадите прамени со пепеласто виолетова боја.

Златно – розови прамени

Златно – розовите нијанси беа тренд минатата година, а оваа година земаат уште поголем замав. Овој тренд е полн погодок за сите оние кои ја сакаат розовата боја, но не сакаат екстремни промени. Идеална е за девојки со ладен подтен на кожата.

Јагленасто руса

Ова е потполно нов тренд на мешање на платинесто руса и тонови на сива и црна боја. Одлична е за оние кои имаат природно седи влакна.

Полноќно сина

Тегет сината која се граничи со црната боја е „ин“ оваа пролет. Идеална е за блага промена на црнокосите девојки.

Платинеста со темен корен

Платинестата боја минатата година беше голем хит, а оваа година повторно се враќа на сцената, но овој пат со темен корен. Освен тоа што изгледа прекрасно, одлична е за заштедување на пари за постојано фарбање.

Костенливо омбре

Темните нијанси не се резервирани само за во зима. Ова костенливо омбре е одлично за сите бринети со топол и со ладен подтон на кожата.

 

Е.С.

 

photos/ pinterest.com

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземена истата.