Органски шампони за коса

Со преориентирањето на луѓето кон поздравиот начин на живот, производителите го произведуваат она што го побарува пазарот.

Можеби сте забележале дека на пазарот се нудат нови шампони за коса без парабен, силикон и сулфат, па пред да се одлучите да ги употребувате, запознајте се со тоа што всушност нудат тие.

Без парабен. Означува дека производот не содржи конзерванс, што значи дека рокот на траење е доста пократок од вообичаено. Проблемот е во тоа што нив организмот не може да ги излачи, односно не може да ги исфрли од него, па така остануваат во организмот. Ова може да доведе до појава на карцином. Од оваа причина најдобро е да ја избегнуваме оваа состојка и по цена да трошиме нешто повеќе пари за шампони.

Оваа состојка се наоѓа во 90% од производите за убавина, а служи за да се продолжи рокот на траење на самиот производ. Воедно, парабенот е најевтин конзерванс.

wikihow.com
wikihow.com

Без силикон. Силиконот служи за моментално подобрување на изгледот на косата. синтетските полимери создаваат заштитен слој околу влакното, на косата ѝ даваат инстантна мекост и сјај, но истовремено не помагаат во подобрување на долготрајниот изглед на косата. силиконот не се раствора во вода па затоа е тешко да го отстраните. Со честата негова употреба повторно се доаѓа до распукување и слабеење на влакното.

Без сулфат. Сулфатот е јак „чистач“ создаден на база на минерални соли кои содржат сумпор, а функционираат како молекула која привлекува и вода и масло. сулфатите се заслужни за чистењето на косата, како и за создавањето на пена при миење. но, сулфатите не се потребни за нега и чистење. Тие толку добро и темелно ја чистат косата, што доаѓа до отстранување на природните маснотии, па со тек на време доаѓа до дисбаланс на pH вредноста, појава на воспаленија и опаѓање на косата.

 

Е.С.

 

photo1/ blog.waterliliesandcompany.com

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземена истата.