Банана сплит „smoothie“

Ова кремасто smoothie по вкус наликува на Банана сплит десертот со сладолед. Со него ќе можете да ги „убедите“ Вашите најблиски повеќе да консумираат овошје.

noshingwiththenolands.com
noshingwiththenolands.com

 

Потребни состојки:

1 ½ шолја млеко

2 банани

1 конзерва ананас

½ шолја замрзнати јагоди

2 супени лажици мед

4 топки сладолед од ванила

½ кафена лажица екстракт од ванила

Шлаг

Чоколаден прелив

Мрвици во боја или чоколадни

Начин на подготовка:

Сите состојки ставете ги во блендер и изблендирајте. Содржината сипете ја во 4 чаши и декорирајте со шлаг, прелив и шарени мрвици. Консумирајте веднаш.

agrandelife.net
agrandelife.net

На здравје!

 

Е.С.

 

photo1/ cleaneatsandtreats.com

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземена истата.