Книга на неделата: „Апнеја“

„Апнеја“

Автор: Лоренцо Амури

Слободата на мислата е слобода на движењето.

На самиот почеток на „Апнеја“ (2013) го среќаваме младиот Лоренцо со лицето нурнато во мекиот јануарски снег, има вртоглавица и не може да дише. По удар во столб од жичарница, останува квадриплегичар и животот му се превртува наопаку. „Апнеја“ раскажува за болката луцидно, без мелодраматични тонови, а на моменти дури и изнудува насмевки. Амури, небаре води дневник, раскажува за периодот минат во болница во Италија и во една специјализирана клиника во Цирих, за многубројните операции, за мачната рехабилитација и за меѓучовечките односи изродени од болката. По враќањето во семејниот дом во Рим, мора да се соочи со еден нов свет, каде што наеднаш сè му е надвор од дофат и сите се станати многу повисоки, страшни џинови со впечатливи сенки. Лоренцо тоне во самосожалување, па неговата девојка Јохана, која останува покрај него по несреќата, се одлучува да го напушти, а тој решава да се самоубие. Или, пак, можеби нешто ќе го поттикне одново да ја освои и да си го поврати животот?

Во 2013 година „Апнеја“ бил финалист за наградата „Стрега“, а ја добил и Наградата за литература на Европската Унија (2015).

slika-2

Издавач: Антолог

*Книжевен центар Антолог ул. „Ѓорѓи Пулевски“ бр. 29 лок.1
*Книжарница Антолог ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 31 лок.1 Скопје

+389 78 290 745
www.antolog.mk

Fb/Книжевен центар АНТОЛОГ

Купете online

 

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeн текстот.