Нега на нокти и работното место

Доколку работите во градинарство, грнчарство, ѕидарство, фризерство, пекарство, хигиеничарство и слично, морате повеќе да внимавате, затоа што водата, песокот, глината им штети на вашите раце и нокти.

нега на нокти 2

Секоја вечер со врвовите на прстите масирајте ги со крема, но употребувајте крема и после секое миење на рацете. Ноктите, исто така, треба темелно да ги исчистите, но притоа не употребувајте четка или било каков тврд предмет, затоа што на тој начин го одвојувате ноктот од своето лежиште и овозможувате повеќе простор за навлегување на нечистотијата.

Ноктите и врвовите на прстите чистете ги со сунѓер, сапун и топла (не жешка) вода. Потоа, исушете ги внимателно и нанесете крема за раце. Можете и да ги исполирате ноктите. Најдобро средство за полирање е еленската кожа, меѓутоа повлекувајте само во еден правец, од лево кон десно, но не и горе – долу, бидејќи тоа создава триење и загревање на ноктите, со што стануваат суви и кршливи.

 

Е.С.

насловна/слика2: gettyimages.com/centralotagoarts.com