Рецепт: Велигденски „гнезда“ со јајца

Оваа рецепта можете да ја правите во било кое време, но најсоодветно е да ја подготвите за време на велигденските празници. Едноставни се за подготовка, а можете да ги јадете за појадок, ручек или вечера.

elle.fr
elle.fr

Потребни состојки:

500 гр компири

12 јајца

Бибер

Сол

Масло

Начин на подготвка:

Најпрво се остава да се загрева рерната на 200°.

Компирите се лупат и се рендаат на крупната страна на рендето. Се раце или со крпа се стискаат изренданите компири со цел да излезе вишокот вода од нив. Претходно може да се додаде малку сол за да се забрза процесот.

Во веќе исцедените компири се додава сол и бибер по вкус.

12 калапи за мафини се премачкуваат со масло и во нив се реди ренданиот компир во вид на гнезда.

Во секој посебен калап се крши по едно јајце, се напрскуваат со масло и се ставаат во рерна да се печат.

Се печат 20 минути на истата температура од 200°, односно се додека јајцето убаво не се испече, а „гнездата“ не добијат златесто кафеава боја.

pinterest.com
pinterest.com

На здравје!

 

Е.С.

 

photo1/ cookingupclean.com

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземена истата.