„Пастелно“ велигденско „smoothie“

Во ова „пастелно“ велигденско smoothie заедно ќе уживаат и децата и возрасните. Послужете им го на Вашите најмили и очекувајте бескрајни насмевки.

fashionablehostess.com
fashionablehostess.com

Потребни состојки:

2 ½ шолји кокосово млеко

150 гр сладолед од ванила

2 банани

4 различни прехранбени бои

Шлаг

Шарени мрвици

Начин на подготовка:

Млекото, сладоледот и бананите ставете ги во блендер и изблендирајте ги. Содржината сипете ја во 4 високи чаши. Во секоја чаша додадете различна прехранбена боја и добро промешајте. Треба да добиете прекрасна пастелна боја со додавање на 2-3 капки. Чашите декорирајте ги со шлаг и шарени мрвици. Можете да додадете и декоративни велигденски украси за чаши.

pinkmilkandponies.com
pinkmilkandponies.com

На здрвје!

 

Е.С.

 

photo1/ fashionablehostess.com

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземена истата.