Чоколадни Велигденски јајца

На забавен начин можете да ги поминете велигденските денови со Вашите најмили. Единствено што Ви е потребно е калапи во форма на велигденски јајца и неколку едноставни состојки.

cleanfoodcrush.com
cleanfoodcrush.com

Потребни состојки:

1 млечно чоколадо

2 шолји грчки јогурт

3 супени лажици путер од бадеми или кикирики

4 супени лажици мед

1 супена лажица екстракт од ванила

1 ½ супена лажица куркума

Начин на подготовка:

Чоколадото се растопува и со него се премачкуваат калапите во форма на јајца. Се употребува 70% од растопеното чоколадо. Калапите се оставаат во фрижидер за да се стегне чоколадото.

Во длабок сад се мешаат екстрактот од ванила, јогуртот и медот. Оваа смеса ќе ја претставува белката од јајцето.

Од добиената смеса во друг длабок сад се става ½ шолја. Во оваа смеса се додава куркумата и путерот и се меша се додека добро не се соединат. Оваа смеса ќе ја претставува жолчката од јајцето.

Со лажица се става од смесата која ја претставува белката во калапите со чоколадо, а потоа со кафена лажица се додава од смесата за жолчката.

Со останатото растопено чоколадо се прелеваат калапите.

Калапите се оставаат во фрижидер уште 15 минути, а потоа можете да ги сервирате.

cleanfoodcrush.com
cleanfoodcrush.com

На здравје!

 

Е.С.

 

photo1/ cleanfoodcrush.com

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземена истата.