Декорации на Велигденската трпеза-галерија

Идеални бои за велигденски декорации се оние бои кои ќе внесат живост и радост во домот, како жолта, зелена, розева, сина и портокалова, но секако дека дозволени се и други бои.

При декорирањето, најважно од сè е да ја одберете темата, а потоа боите само од себе ќе се вклопат. Доколку сакате да декорирате со зајчиња, портокаловите морковчиња совршено ќе се вклопат на масата, заедно со бели шолји со портокалови топчиња, портокалов прибор за јадење или пак, декоративни салфетки. И вазната за цвеќе може да биде со портокалова боја. Зајчињата и пиленцата совршено можат да се вклопат со зелените чинии или чаши или пак, можат да одговараат на некаков цветен мотив.

Но, при изборот на боите најважно е да не претерате со избор на повеќе силни бои. Најдобро е чаршавот на масата да биде бел или сив, а на масата да има декорации во една или две силни бои.

Супер идеја би била да имате букет од најразлични цвеќиња на масата. Вазната може да биде провидна или пак, со боја која совршено ќе се вклопи со останатите бои.

Дозволено е декорирање со оние вистинските бојадисувани јајца, но и со јајца изработени од најразлични материјали – чоколадни, пластични или дрвени, плишани пиленца или зајачиња. Имајте на ум дека никогаш не е доста од вакви ситници.

Исто така, набавете си или рачно изработете си корпи за јајца. На средина на масата можете да поставите голема корпа со јајца, а на две – три страни можете да поставите помали корпи со по 3 до 4 јајца. Или пак, кога ќе ја сервирате масата, на секој гостин можете да му ставите по едно јајце во чинијата.

Најприроден изглед на вистинска трева можете да постигнете со мов. Во голем послужавник наредете мов, на средината наредете 2 – 3 свеќи и декорирајте со пиленца, зајчиња, цветчиња и јајца.

Во продолжение Ви нудиме неколку идеи за велигденска декорација на трпезата:

Е.С.

Photos/pinterest.com

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземена истата.