Книга на неделата: Сега е најдолгото никогаш

Сега е најдолгото никогаш

Автор: Јосип Коцев

„Сега е најдолгото никогаш“ би можела да се чита како љубовна поема, како поетска партитура во три става („Сега“, „Никогаш“ и „Најдолгото никогаш“). Кога ги читаме песните на Јосип Коцев, му се радуваме на поетското „сега и тука“, со леснотија доловено во секоја поетска слика. Речиси на секоја нова страница нè дочекува една убава стапица: сакаме пак да ја препрочитаме веќе прочитаната песна, но едновремено сакаме да свртиме и нова страница за да ја видиме следната, а се добива впечаток дека песните се прелеваат една во друга и како заедно да создаваат една поголема поетска синтеза. Затоа, оваа книга не е само стихозбирка (некаков збир и одбир на песни и стихови), туку заокружена поетска целина од педесетина песни.

2

Издавач: Антолог

*Книжевен центар Антолог ул. „Ѓорѓи Пулевски“ бр. 29 лок.1
*Книжарница Антолог ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 31 лок.1 Скопје

+389 78 290 745

www.antolog.mk

Fb/Книжевен центар АНТОЛОГ

Купете online

 

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeн текстот.