Кремаста салата со цвекло и варени јајца

За денес на МЕНИ, ви предлагаме кремаста салата со цвекло и варени јајца.

yummly.com
yummly.com

Потребни состојки:

5 варени јајца

1 големо цвекло

2 млад кромид

4 супени лажици павлака

1 супена лажица мајонез

Бибер и сол

avocadopesto.com
avocadopesto.com

Начин на подготовка:

Јајцата, цвеклото и младиот кромид се сецкаат на мали коцки. По желба, јајцата и цвеклото може да бидат и рендани.

Се ставаат во длабок сад и заедно со останатите состојки добро се промешува.

Добиената салата се сервира во голема чинија. Можете да декорирате и со дробени ореви и магданос.

На здравје!

 

Е.С.

 

photo1/ leascooking.blogspot.com

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземена истата.