Електронска цигара во бременоста-да или не?

Ако сте во блажена состојба, а сте пушач, секако дека треба да ги оставите цигарите. Но, дали тоа важи и за електронските цигари?

Поради тоа што воопшто не е добро трудниците да пушат цигари во текот на бременоста, тие најчесто се преориентираат кон е-цигарите кои ги сметаат за поздрави.

Меѓутоа, спротивно на нивното мислење, хемикалиите кои се присутни во пареата која ја произведува електронската цигара, можат да бидат премногу опасни во текот на бременоста и тоа може да се одрази врз здравјето на бебето.

Всушност, електронската цигара не е воопшто поздрава од класичната цигара.

Овој заклучок го изнеле научници од њујоршкиот универзитет при правење експеримент со лабораториски глувци. Воочен е застој во развојот на мозокот кај оние глувци кои биле изложени на хемикалиите од пареата на електронската цигара во однос на оние кои не биле изложени. Ефектите биле уште поизразени кога бил одвоен никотинот од пареата. Тоа покажува дека хемикалиите кои се наоѓаат во пареата на електронската цигара можат значајно да го загрозат развојот на фетусот.

 

Е.С.

*Во врска со примена на препораките во текстовите поврзани со здравје, претходно консултирајте се со стручно лице.

насловна: borsicca.com