Чоколадно „smoothie“ со бадеми во чинија

Ова чоколадно и освежувачко „smoothie“ е одлично за добар почеток на денот. Не содржи глутен и соодветно е и за вегани.

„Smoothie“ во чинија е погодно за оние кои сакаат и нешто крцкаво во нивниот напиток.

runningwithspoons.com
runningwithspoons.com

Потребни состојки:

½ шолја чоколадно млеко

½ шолја кокосово млеко

2 замрзнати банани

2 супени лажици путер од бадеми

1 супена лажица какао

1 супена лажица чиа семе

За декорација:

Парчиња банана

Дробени бадеми

Чиа семе

Рендано чоколадо

Кокос

Прелив од карамела

Начин на подготовка:

Сите состојки се ставаат во блендер и се блендираат. Добиената содржина се истура во длабока чинија и се декорира со состојките за декорација.

tippsinthekitch.com
tippsinthekitch.com

На здравје!

 

Е.С.

 

photo1/ bakerita.com

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземена истата.