Кога е вистинско време за потстрижување?

Секоја коса не е иста, а ниту сите фризури, па токму затоа едно единствено правило за нејзино шишање не важи за сите исто. Еве колку често треба да ја шишате косата според нејзиниот тип:

pinterest
pinterest

Природна (виткана) коса. Ако имате природна брановидна коса најдобро е да ја шишате на секои 6 до 12 недели, а ако имате ситни локни тогаш треба да ја шишате на секои 2 месеца. Ако ја бојадисувате, тогаш треба да ја шишате почесто.

Права и кратка коса. Со ваква фризура треба да одите на фризер на секои 3 недели. Строго скратената коса бара постојано одржување, бидејќи месечно влакното расте за околу 2 см., па сигурни сме дека не сакате да изгубите од обликот и должината.

Права и средна/долга здрава коса. Ваквата фризура доволно е да ја шишате 3 до 4 пати годишно. Отприлика, на секои 3 месеци фризурата ќе почнува да губи од својот облик, па пожелно ќе биде да ја шишате за полесно да можете да ја средувате,

pinterest
pinterest

Оштетена коса. Оштетената коса со суви и испукани врвови без разлика на типот на влакното и фризурата, секако најдобро е да ја шишате на секои 8 недели. На овој начин таа полесно ќе може да се обнови, а и полесно ќе можете да ја обликувате и средувате.

 

Е.С.

 

photo1/ dailymotion.com

 

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземена истата.