Нега на нокти по отстранување на надоградба

Сите оние кои досега барем еднаш ставиле надградба на ноктите, знаат дека по отстранувањето на надградбата, природните нокти се слаби и тенки, па според тоа и лесно кршливи. Доколку сакате долги нокти и по отстранувањето на надградбата, прочитајте ги следниве совети:

Хидратација. Како што на целото тело му е потребна хидратација за полесно опоравување, така хидратацијата потребна им е и на ноктите. Тоа можете да го постигнете со нанесување на хидратантна крема за раце и нокти или пак, нанесувајте козметички производи кои се наменети само за ноктите. За подобра хидратација можете да вметнете и масло, кое ќе помогне при забрзување на растот на кутикулите, а тоа пак, ќе помогне при побрз раст на здрави нокти.

Кратете ги ноктите. Иако должината на Вашите нокти Ви изгледа совршена, сепак морате да ги скратите. Познато е дека долгите нокти се склони на кршење, особено оние кои веќе се истенчени од турпијање. Кратете ги ноктите барем првиот месец, додека малку не се опорават.

huffingtonpost.com
huffingtonpost.com

Турпијање на ноктите. Иако ноктната плочка практично е уништена од лепакот и гелот, обидете се да истурпијате барем мал дел од ноктот, особено околу рабовите. На овој начин можете да ги отстраните сите нерамнини и несовршености на ноктот. Исто така, ќе го спречите и „луштењето“ на првиот слој на ноктот.

Кутикули. Во никој случај немојте да ја сечете кожата кај коренот на ноктот. Таа е тука со цел да го заштити ноктот од нечистотија и бактерии, па дури и воспаленија. Доколку премногу Ви пречи, можете да ја вовлечете со помош на посебна алатка наменета за таа цел, но сепак тоа направете го по еден месец од закрепнувањето на ноктот.

Паузирајте со лакот за нокти. Знаеме дека сте желни за промена, но Ве советуваме по отстранувањето на маникирот да паузирате со нанесувањето на лакот за нокти. Со неговото нанесување само ќе го успорите растот и зајакнувањето на ноктите. Наместо тоа, можете да нанесувате лакови кои ќе го потпомогнат процесот на зајакнување.

 

Е.С.

 

photo1/ sublimebliss.com

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземена истата.