Пет причини за користење на тоник за лице

Тајното оружје против затнати пори е всушност само 1 производ за нега на лицето, кој можеби и не го употребувате. Тоа е тоникот за лице.

Тоникот за лице е најпотребен на оние кои имаат масна кожа и кожа подложна на создавање на мозолчиња и акни. Одлично ја отстранува шминката и нечистотијата од лицето. Но, не се само овие бенефити. Во продолжени прочитајте за што уште е одличен:

organicdailypost.com
organicdailypost.com

Ги чисти порите. Нанесете мало количество тоник на памук и избришете го лицето со него. Тоникот ќе ја отстрани маснотијата од лицето и нечистотијата од порите, па ќе добиете помали пори.

Ја освежува и навлажнува кожата. Сапунот и водата можат да бидат заменети со тоникот за чистење, кога Вашата кожа ќе биде масна или нечиста. На тој начин ќе ја освежи и навлажни Вашата кожа.

Создава заштитен слој. Тоникот може да помогне во затворање и затегнување на порите по чистењето. На овој начин се оневозможува нечистотијата да навлезе во порите, а потоа да се создадат акни. Исто така, со употребата на тоникот, а не на водата од чешма за миење на лицето, се заштитува и отстранува хлорот кој таа го содржи.

pinterest.com
pinterest.com

Ја враќа pH рамнотежата. Со употребата на некои сапуни за миење на лицето, се намалува pH вредноста на кожата. Кога ова ќе се случи, потребно е повеќе време pH вредноста да се врати во нормала. Употребата на тоникот го забрзува процесот на ревитализација.

Заштитува од појава на поткожни влакненца. Тоникот содржи гликолна или друг вид на киселина која заштитува од појава на сраснати влакненца.

 

Е.С.

 

photo1/ wikiayurveda.com

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземена истата.