Пролетен мирис во домот

Пролетта е период на инспирација, свежина и цвеќиња. Токму затоа, внесете ја пролетта во Вашиот дом.

Направете пролетно чистење на домот и проветрете го. Осветлете ги просториите и внесе го пролетниот мирис во него.

Доколку не сте љубител на миризливи свеќи или освежувачи за простории, својот дом освежете го на природен начин со природни состојки.

Предлог бр. 1. Во тенџере ставете претходно исечени цитрон, лимон и лајм на тркалца, гранчиња свежо нане и рузмарин и наполнете го тенџерето со вода се додека не се прекрија состојките со неа. Ставете го тенџерето на тивок оган. Пареата која ќе се ослободува ќе го исполни домот со свеж мирис. Доколку овој мирис сакате да го мирисате цел ден, внимавајте целосно да не испари водата, па да загорат состојките. Постојано дотурајте по малку вода.

gluesticksgumdrops.com
gluesticksgumdrops.com

Предлог бр. 2. Постапката е иста како кај првиот предлог, само состојките се различни. Искомбинирајте 2 зелени лимони исечени на тркалца, 3 гранчиња рузмарин и екстракт од ванила

Предлог бр. 3. Искомбинирајте 10 гранчиња лаванда со 2 лимони исечени на тркалца.

Предлог бр. 4. Искомбинирајте 2 зелени лимони и ѓумбир исечени на тркалца, мајчина душичка и нане.

gatheringdreams.com
gatheringdreams.com

 

Е.С.

 

photo1/ pinterest.com, twopurplecouches.com

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeн текстот.