Чиа семето како сојузник на убавината

Веќе добро нѝ е познато дека чиа семето е одлично за здравјето на човекот, но тоа е одлично и за неговата нега и убавина. Чиа семето во себе содржи омега3 и омега6 масни киселини, железо, цинк, витамин Б3 и бројни анти-оксиданси. Маслото од чиа семе не остава масна трага на кожата, бидејќи неговата структура спаѓа во категоријата на лесни масла.

Маслото од чиа семе е одлично во борбата против стареење на кожата. Високата концентрација на масни киселини го поттикнува лачењето на колаген, кој е клучен во младешкиот и свеж изглед на кожата. Витаминот Б3 и цинкот кои се состојат во него, помагаат за длабинско чистење на порите.

Одлично ја хидрира и потхранува кожата, а тоа е и клинички докажано. Втријте масло од чиа семе на сувите делови од кожата, како на пример лактите и за кусо време ќе почувствувате дека кожата на тоа место станува мека и нежна на допир.

Има противвоспалително дејство, со што го намалува црвенилото и иритацијата на кожата, а исто така, ја намалува и појавата на акни. Благотворно делува и на темните кругови и подочници.

makeupandbeauty.com
makeupandbeauty.com

Самото чиа семе помага при ексфолијација на мртвите клетки од кожата. Можете сами да си подготвите домашен пилинг за кожата од чиа семе.

Маслото од чиа семе не само што е добро за кожата, туку тоа е одлично и за враќање на сјајот и живоста на безживотната коса. Исто така, на косата и дава и волумен. Го подобрува растот на косата, бидејќи содржи природен протеин. Бакарот кој е содржан во чиа семето овозможува производство на меланин. Опаднатото ниво на меланин овозможува побрзо белеење на влакното.

m.tialoto.bg
m.tialoto.bg

 

Е.С.

 

photo1/ makeupandbeauty.com

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeн текстот.