Книга на неделата: „Стаклената градина“

Стаклената градина

Автор: Ојдур Ава Олафсдотир

За младиот Лоби, трагичната смрт на неговата мајка е пресвртна точка во животот. Нивната заедничка љубов кон одгледувањето ружи од реткиот вид Rosa candida во стаклената градина во нивниот двор ќе го инспирира да ги напушти студиите и да отпатува во далечниот антички манастир за да ѝ го врати стариот сјај на величествената, но заборавена градина што се наоѓа таму. Додека одново ја пресоздава градината под будното око на свештеникот филмофил, Лоби ќе го изненади посетата на Ана, речиси непознатата пријателка на негов пријател, со која, по една кратка авантура во градината на неговата мајка, ја има новородената ќерка Флора Сол. Грижејќи се за градината и за малото девојче, Лоби полека ги запознава различните улоги на еден возрасен маж.

„Стаклената градина“ е прекрасна приказна за искрената потрага по убавините на животот, трогателен потсетник дека секој од нас е способен да ги претвори малите нешта од секојдневниот живот во извонредни.

2

Издавач: Антолог

*Книжевен центар Антолог ул. „Ѓорѓи Пулевски“ бр. 29 лок.1
*Книжарница Антолог ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 31 лок.1 Скопје

+389 78 290 745

www.antolog.mk

Fb/Книжевен центар АНТОЛОГ

Купете online

 

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeн текстот.