Употреба на дневна и ноќна крема

За правилна нега на лицето најчесто потребни се дневна и ноќна крема. Можеби сметате дека употребата на една иста крема за ден и ноќ е совршено решение за заштеда на пари, но треба да знаете дека во двете креми има различни состојќи и поврзани се со биоритамот на кожата.

nydailynews.com
nydailynews.com

Дневната крема содржи заштита од штетните УВ зраци и нечистотијата во воздухот, а може да се употребува и како подлога за шминка. Содржи антиоксиданси кои ја штитат кожата од слободните радикали, ги чуваат липидите кои се неопходни за градење на нејзиниот одбранбен систем.

Во текот на денот кожата вложува повеќе енергија за заштита од стрес и други штетни фактори, па токму дневната крема ја зголемува еластичноста и отпорноста на кожата.

Ноќната крема на кожата ѝ овозможува регенерација и ја поправа веќе настанатата штета од дневното изложување. Вообичаено, има побогата структура од дневната крема.

Ноќната крема дејствува против стареење на кожата со што се стимулира обновата на клетките, ја намалува појавата на брчки и ѝ ја враќа еластичноста. Исто така, ноќната крема ѝ овозможува хидратација на кожата, ја подобрува циркулацијата, ја измазнува и омекнува кожата и го поттикнува создавањето на колаген.

Сите овие благодети ноќната крема ги овозможува доколку се употребува правилно, односно доколку се нанесува навечер пред спиење на претходно темелно исчистено лице. Доколку оваа крема се нанесува и во текот на денот, можете да предизвикате мастење на кожата и таа нема да биде заштитена од УВ зраците. Доколку пак, дневната крема ја нанесете навечер пред спиење, таа нема да ѝ ја даде потребната влажност на кожата и нема да игра голема улога во овозможувањето на еластичност на кожата и појавата на брчки.

ДЕРМОГАЛ ЛОСИОН ОД ГАЛАФАРМ ЗА НЕГА НА МРСНА И ПРОБЛЕМАТИЧНА КОЖА
ДЕРМОГАЛ ЛОСИОН ОД ГАЛАФАРМ ЗА НЕГА НА МРСНА И ПРОБЛЕМАТИЧНА КОЖА

 

Е.С.

photo1/ more.com

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeн текстот.