Со што лицето не сака да го оптоварувате?

Кожата на лицето секојдневно ја негуваме, но не секогаш тоа го правиме на правилен начин.

Многу козметички средства и третмани не допринесуваат за доброто на кожата, туку баш напротив, можат да предизвикаат и штета.

Сунѓерчиња за лице. На сунѓерчињата или ракавиците за пилинг на кожата местото не им е на лицето. Тие можете да ги употребувате на другите делови на телото, но не и на лицето. Тие премногу стругаат, а на тој начин лесно може да дојде до појава на гребаници, кои се добра подлога за развој на бактерии.

Медицински средства од непроверен произведувач. Доколку на Вашата кожа ѝ треба лечење, на пример од акни, немојте да купувате производи од интернет од произведувачи за кои досега не сте слушнале. Ваквите производи можат да содржат многу хемикалии кои дополнително можат да ја влошат состојбата на кожата. Ве советуваме да купувате само проверени козметички средства.

Водоотпорна крема со заштитен фактор. Осетливата кожа на лицето секогаш треба да ја заштитувате од сонцето. Но, нанесувањето на ваквата крема нема да ѝ дозволува на кожата да дише, па поради тоа може да дојде до појава на нечистотија и создавање на акни. Ваквата крема нанесувајте ја само кога сте на плажа, при влегување во вода.

foryoumagazine.nl
foryoumagazine.nl

Маска за лице која се лупи. Маската за лице која се суши на кожата, а потоа се лупи, може да предизвика алергиски реакции и акни што е многу спротивно од саканата цел, односно од постигнување на свеж и блескав изглед. Ве советуваме да нанесувате природни маски за лице кои ќе ја хидрираат кожата, а потоа лесно можете да ги исплакнете со вода.

Тонер за лице кој содржи алкохол. Алкохолот кој се наоѓа во тонерот за лице ги оштетува епидералните липидни бариери кои штитат од токсини и ја задржуваат влагата на кожата. Всушност, тонерот во себе треба да содржи антиоксиданси со цел да може да ја храни кожата и да биде произведен на база на вода. Тонерот треба да ја врати pH рамнотежата на кожата по чистењето.

today.com
today.com

Миење на лицето со шампон или гел за туширање. Додека се туширате никако немојте да го миете лицето со гелот за туширање кој го употребувате за телото или со шампонот за коса, бидејќи можат да ја променат pH вредноста на кожата. Исчистете го лицето со тонер кој не содржи алкохол, туку вода.

 

Е.С.

 

photo1/ blackpaint.sg

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeн текстот.