„Smoothie во чинија“ со кокос и овошје

Можеби веќе Ви станува здодевна секојдневната утринска рутина со стандардното smoothie и истата онаа чаша од која го консумирате. Ви предлагаме да внесете малку забава во секојдневието. Заменете ја онаа здодевна чаша со чинија од кокос. На Вас останува дали ќе го отстраните кокосот или не. Истовремено ќе можете да ја додадете и кокосовата вода во Вашето smoothie.

faithfoodfamilyfun.com
faithfoodfamilyfun.com

Потребни состојки:

200 гр овошен јогурт од јагода

½ шолја кокосова вода

1 замрзната банана

1 шолја замрзнато шумско овошје

2 кокоса

1 супена лажица кокос

totesyummy.wordpress.com
totesyummy.wordpress.com

Начин на подготовка:

Најпрво се вади кокосовата вода од кокосот, а потоа се преполовува. Истата постапка се повторува и со другиот кокос. Сите состојки се ставаат во блендер и се блендираат. Добиената содржина се сипува во кокосовата чинија и се декорира со замрзнато шумско овошје.

На здравје!

 

Е.С.

 

photo1/ totesyummy.wordpress.com

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeн текстот.