Книга на неделата: Биографија на гладот

 Биографија на гладот

Автор: Амели Нотомб

Јас сум глад.

Преку филозофската призма на гладот, Амели Нотомб ја пишува својата автогеобиографија: детството и тинејџерските години минати во Јапонија, Њујорк и во Југоисточна Азија, осознавајќи го светот. Глад за љубов, глад за убавина, глад за книги, но и глад во вистинска смисла на зборот со сите позитивни и негативни исходи.

Со чувство дека другите ја ценат поради погрешни вредности, Амели се декларира како дете алкохоличар, жртва на групно силување на дванаесет години, тинејџерка анорексичарка – борец против сопственото битие на кое потребите и недостигот му носат страдање, а литературата и пишувањето спас. Мазохист за телото, а хедонист за духот, Амели нè води низ романот преку играта на гладот за да ни го предочи апетитот за животот.

Низ провокативниот стил и црниот хумор ја запознаваме вистинската Амели Нотомб, која ни кажува дека Јапонија за неа значи убавина, Кина – затвор, Њујорк – лудило, Бангладеш – смрт, а Лаос – немаштија.

Издавач: Антолог

*Книжевен центар Антолог ул. „Ѓорѓи Пулевски“ бр. 29 лок.1
*Книжарница Антолог ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 31 лок.1 Скопје

+389 78 290 745

www.antolog.mk

Fb/Книжевен центар АНТОЛОГ

 

Купете online

 

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeн текстот.