Оризова вода за младешки изглед

Жените од Азија со децении ја употребуваат оризовата вода за разубавување на кожата и косата, бидејќи во неа се содржани голем број витамини и минерали.

Најважно е тоа што при подготовката на оризовата вода можете да употребите било каков вид на ориз. Постојат 3 методи на нејзино добивање:

Метод 1. Варена оризова вода. Варената оризова вода можете да ја употребувате во текот на една недела. Можете да ја нанесувате на косата или со неа да си го миете лицето.

Оризот сварете го како кога го варите и вообичаено за јадење, само што овој пат ставете двојно или тројно повеќе вода. По варењето, исцедете го оризот. Оризовата вода ќе има бела боја богата со нутриенти. Но, оваа вода пред да ја употребите, разредете ја со обична вода, бидејќи вака делува како концентрат. 3-4 супени лажици од концентрираната оризова вода измешајте со обична вода и подготвени сте за утринско миење на лицето или плакнење на косата. Остатокот од концентрираната вода чувајте го во фрижидер најмногу една недела.

artifactgirl.com
artifactgirl.com

Метод 2. Брз метод без варење. Доколку веднаш Ви е потребна неконцентрирана  оризова вода, можете да ја добиете и со овој метој. Во длабок сад ставете 2 шолји обична вода и ½ шолја ориз и оставете да отстои 15 минути. Процедете и веднаш употребете ја водата без никакво нејзино разредување.

Метод 3. Ферментирана оризова вода. Ферментираната оризова вода е најдобра за косата, бидејќи процесот на ферментација на оризовата вода има најблиска pH вредност со pH вредноста на косата.

За да подготвите ферментирана оризова вода употребете го методот бр. 2. Добиената оризова вода потоа ставете ја во тегла и оставете ја да отстои 2 дена на собна температура. Кога ќе се појави малку киселкаст мирис, запрете го процесот на ферментација со тоа што теглата ќе ја ставите во фрижидер. Ферментираната оризова вода е доста силна, па затоа пред употреба разредете ја со 1-2 шолји топла вода.

medicalnewstoday.com
medicalnewstoday.com

Секојдневно можете да го миете лицето со оризова вода наутро или навечер пред спиење. Доколку ја употребувате како тоник на лицето, можете да ја намалите големината на порите. Со лесни движења на прстите, можете да го масирате лицето неколку минути. За кратко време ќе почувствувате како Вашата кожа станува затегната, мека, нежна и светла.

Оризовата вода можете да ја употребувате и за ексфолијација на кожата на целото тело. Во оризовата вода додадете 1 супена лажица маслиново масло, сок од ½ лимон и крупно измелен свеж ориз. Опционално, можете да додадете и малку од омиленото есенцијално масло.

На косата, оризовата вода можете да ја нанесувате еднаш до два пати во текот на неделата, како последно плакнење на косата.

 

Е.С.

 

photo1/ steptohealth.com

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeн текстот.