Маска за коса која ја отстранува фарбата

Можеби конечно сте се одлучиле да ја обоите Вашата коса, но добиениот резултат не Ви се допаѓа. Но, не грижете се, постои домашен рецепт за маска за коса која ја отстранува фарбата од косата и што е најважно, воопшто не штети на косата.

Оваа маска можете да ја нанесете во случај доколку бојата на косата Ви излегла потемна, доколку бојата на косата Ви излегла со портокалова нијанса или премногу жолта и доколку постепено сакате да преминете на посветла боја на косата.

Потребни состојки за маска за коса:

3-4 супени лажици шампон (зависи од должината на косата)

10-15 таблети витамин Ц

1 кафена лажица вода

Сода бикарбона

Потребни состојки за шампон по нанесување на маската:

2 супени лажици сода бикарбона

2 супени лажици шампон

stylecraze.com
stylecraze.com

Начин на употреба:

Најпрво таблетите се дробат во прав. Во мал сад сипете ги состојките за подготовка на маската. Добро промешајте додека состојките не се соединат. Треба да добиете кремаста смеса.

На мокра коса, потсушена со пешкир, темелно нанесете ја смесата исто како што ја нанесувате бојата на косата.

Замотајте ја косата со кеса или стреч фолија и оставете ја да отстои 1 час.

Потоа, исплакнете и измијте ја косата 2 пати по ред со подготвениот шампон.

 

Е.С.

 

photo1/ rainlillie.com

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeн текстот.