„Smoothie“ со печени јагоди

Smoothie во чинија не е само едно обично smoothie. Тоа е всушност уметничко платно, а Вие сте уметникот. Забавувајте се додека го подготвувате, особено кај делот кога треба да го прекриете со најразлични семиња, овошје или зеленчук.

bearnakedfood.com
bearnakedfood.com

Потребни состојки:

1/3 шолја бадемово млеко

½ шолја овошен јогурт од јагода

2 шолји јагоди

1 замрзната банана

2 супени лажици јаворов сируп

1 супена лажица растопено кокосово масло

1 супена лажица чиа семе

1 супена лажица семе од коноп

За декорација:

Чиа семе, семе од коноп, кокос, бадеми, банана, јагоди

Начин на подготовка:

Во претходно загреана рерна на 200°С се ставаат да се печат јагодите околу 15 минути. Потоа се оставаат да се оладат. Во блендер ставете ги сите состојки заедно со оладените печени јагоди и изблендирајте. Содржината сипете ја во чинија и декорирајте со состојките за декорација.

На здравје!

bakerita.com
bakerita.com

 

Е.С.

 

photo1/ motherhoodinstilettos.com

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeн текстот.