Прајмер-основа за шминка кој ги затвора порите

Прајмерот е основата за шминка која визуелно го изедначува тенот и ја сокрива секоја неправилност на кожата на лицето. Дефинитивно дава голем ефект на слика или видео.

pinterest.com
pinterest.com

Овој производ можете да го најдете во прашкаста, течна или кремаста структура. Се нанесува непосредно пред да се нанесе течната пудра. Исто така, одличен е за задржување на целодневната шминка на лицето.

Прајмерот треба да го изберете според типот на кожата, но доколку имате масна кожа, внимавајте да употребувате што помалку од овој производ и нанесувајте го во многу танок слој на лицето. При нанесувањето на прајмерот, се создава танок заштитен слој, односно филм на кожата на лицето, и притоа, му оневозможува да лицето да дише, бидејќи ги затвора порите. Ова може да придонесе до појава на црвенило и иритации на лицето. Токму поради оваа причина, не се препорачува секојдневно носење на прајмер.

 

Е.С.

 

photo1/ pinterest.com

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeн текстот.