Книга на неделата: Војна и терпентин

Војна и терпентин

Автор: Стефан Хетманс

Урбан Мартин оставил два нотеса зад себе. Тие го откриваат целиот негов живот. Живот на уметник, војник, љубовник и на некој што ја преживеал Првата светска војна. Овие нотеси се откриени 30 години подоцна од страна на неговиот внук, писател, кој преку нив воздигнува еден свет што исчезнал. Тоа е периодот на крајот на деветнаесеттиот и почетокот на дваесеттиот век. Период што за Урбан Мартин е исполнет со голема сиромаштија, воени ровови, губење на љубената, многубројни премрежиња, до живот на скромен верник и исклучителен сликар. Во своите нотеси тој пренесува речиси половина век, а со своите описи и големата љубов моќно одѕвонува и сто години подоцна. Борејќи се со оваа приказна, внукот поминува низ годините, барајќи начин да ја разбере сопствената улога во времето.

Преполн со живописни детали, размисли за сликарството и за музиката, овој фасцинантен дијалог меѓу мртвиот сликар и неговиот внук е драгоцена средба на минатото што сме го заборавиле и на сегашноста што сè помалку ја разбираме.

Вешто изработена како ренесансна фреска, „Војна и терпентин“ слика извонреден портрет на еден човек, откривајќи како еден живот може да одекнува низ вековите.

Романот е преведен на повеќе од 20 јазици, а списанието „Њујорк тајмс“ го вброило во десетте најдобри книги за 2016 година. Книга што се сака и не може да се заборави!

2-2

Издавач: Антолог

*Книжевен центар Антолог ул. „Ѓорѓи Пулевски“ бр. 29 лок.1
*Книжарница Антолог ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 31 лок.1 Скопје

+389 78 290 745

www.antolog.mk

Fb/Книжевен центар АНТОЛОГ

Купете online