Тренди-кошула фустан (галерија)

Практичноста и лежерноста се двете главни и важни одлики на оваа кошула-фустан. Поради едноставниот крој и ширината, ова модерно парче облека е премногу удобно. Освен тоа, визуелно може да го прикрие било кој дел од Вашето тело кое не сакате да биде видено, малку поголемото стомаче, широките колкови и сл.

На пазарот можете да најдете кошули-фустан со најразлични должини и дезени. Најчести се оние со цветни дезени и со хоризонтални или вертикални линии. Идеални се и за на работа и за секојдневно носење на прошетки или за вечерни излегувања.

Можете да ги комбинирате со хулахопки или хеланки, а кога температурите ќе станат многу високи, можете да ги носите и на голи нозе.

Ви претставуваме неколку идеи за комбинирање на ова ново модно парче облека.

 

Е.С.

 

Photos/pinterest.com

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeн текстот.