Справување со непријатните телесни мириси

ТРИКОВИ ПРОТИВ НЕПРИЈАТНИТЕ ТЕЛЕСНИ МИРИСИ

Со доаѓањето на топлите денови сè повеќе и повеќе се потиме, а со тоа се создаваат и непријатни мириси на повеќе делови од телото. Па затоа, Ви нудиме неколку трикови како полесно и безгрижно да се движите во близина на луѓето.

rickys-nyc.com
rickys-nyc.com

Пазуви. Непријатниот мирис и потта под пазувите можете да ги намалите доколку одбегнувате цигари, алкохол, кафе и масна храна. Дополнително, можете да си подготвите вода за плакнење на пзувите. Во сад помешајте ½ шака дабови лисја и ½ шака коњско опавче, попарете ги со 1 литар врела вода и оставете да се олади.

Интимна зона. За време на топлите летни денови и на интимната зона може да се појави пот, а со тоа и непријатен мирис. Токму затоа, постојано носете памучна долна облека. Отстранувањето на влакненцата не помага против потење, но помага при непријатен мирис.

bodieko.si
bodieko.si

Стапала. Можеби Ви е претопло за носење чорапи, но треба да знаете дека стапалата во затворени чевли и без чорапи сигурно ќе се потат, а со тоа не се исклучува и непријатниот мирис. При секое облекување на чевлите во нив нанесете малку бебешка пудра. Таа ја впива влагата, а со тоа помага воопшто и да не се појави непријатниот мирис.

 

Наша препорака: Sensilis Foot Care пудра против потење на стапала од Галафарм

fp

SENSILIS® FOOT CARE пудра против потење на стапала
Збогатена со масло од чајно дрво, пудрата помага при потење на стапалата и при отстранување на непријатните тегоби предизвикани од габично заболување
-Делува како антисептик, апсорбира, дезодорира и освежува
-Го спречува потењето и развојот на бактерии и габи
-Ја отстранува непријатната миризба од стапалата
Пакување: 90 g

 

Е.С.

 

photo1/ healthline.com

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeн текстот.