„Smoothie во чинија“-ананас/кокос/зелен лимон

Заменете ги секојдневните чинии со чинии направени од ананас. Ова smoothie е одлично за ужина или десерт. Изненадете го/ја пријалтелот/ката или партнерот/ката. Со одлична декорација можете да си направите и добри фотки за на Instagram.

pinterest.com
pinterest.com

Потребни состојки:

100 гр ананас

1 замрзната банана

150 мл кокосово млеко

1 кафена лажива екстракт од ванила

Свежи цеден сок од 1 зелен лимон

1 супена лажица чиа семе

За декорација:

Кокос, банана, јагода, ананас, боровинки, чиа семе, ливчиња нане.

Начин на подготовка:

Најпрво поделете го ананасот на 2 дела по вертикала. Издлабете ја внатрешноста со цел да формирате чинија од кората на ананасот. Внатрешноста од ананасот заедно со останатите состојки ставете ги во блендер и изблендирајте ги. Содржината сипете ја во двете „чинии“ од ананас и декорирајте со состојките за декорација.

На здравје!

pinterest.com
pinterest.com

Е.С.

 

photo1/ madeleineshaw.com

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeн текстот.