Книга на неделата: „Ѕидот белутрак“

Ѕидот белутрак

Автор: Велко Неделковски

Најновото авторско остварување на Велко Неделковски е збирката раскази и новели „Ѕидот белутрак“ – во која, низ временски прескоци, а преку четиринаесет тематски целини, се одвива тревожна потрага по човековите доблести, недостатоци, предизвици, премрежиња, таги, а поретко и радости, мечти, дострели и падови на духот, неостварени соништа и тескобно јаве. Во овие раскази минатото е гордост или можеби товар, сегашноста е певливо или можеби плачливо време, а иднината – блиска за воздишка, а далечна за дофат. Реалното во оваа проза е грчовит заграб за почвата, а мистичното е (не)забранет лет во посакувани предели…

Збирка раскази со значење на еден цел космос од аспект на опишаните ликови. Како и секогаш, Неделковски умее реалистичната постапка во своите дела паралелно да ја испреплетува со магиски елементи и со надреалистични и гротескни ситуации. Мајсторот на краткиот расказ успева преку постмодернистичката стилска постапка на „претерување“ и „краток спој“ да ја долови апсурдноста на човековиот живот.

2-2

Издавач: Антолог

*Книжевен центар Антолог ул. „Ѓорѓи Пулевски“ бр. 29 лок.1
*Книжарница Антолог ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 31 лок.1 Скопје

+389 78 290 745

www.antolog.mk

Fb/Книжевен центар АНТОЛОГ

Купете online