Рецепт: Вкусна рибина паштета

Денес Ви предлагаме да си подготвите вкусна паштета од риба за појадок или како прилог со ручекот.

lavenderandlovage.com
lavenderandlovage.com

Потребни состојки:

3 конзерви туна

1 голем компир

1 морков

1 кромид

2-3 чешниња лук

Свежо цеден сок од 1 лимон

Магданос

Бибер

legionathletics.com
legionathletics.com

Начин на подготовка:

Компирот и морковот се лупат, се сецкаат на ситни коцки и се варат во солена вода.

Ситно се сецкаат лукот и кромидот.

Содржината од конзервите се сипува во длабок сад и се соединува со останатите состојки, а потоа се блендира со рачен блендер. Се сервира со маслинки. Или едноставно се мачка на леб.

На здравје!

 

Е.С.

 

photo1/ bbc.com

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeн текстот.