НОВ BEAUTY ТРЕНД: „BABY БОТОКС“

„Baby ботокс“ е идеален за оние кои сакаат да се приклучат на anti-aging трендот. Станува збор за инјекција која се вбризгува во кожата, а која има помала доза на ботулински токсини од досегашните ботокс инјекции.

Оваа инјекција содржи 10 единици по третираното подрачје, наместо стандардните 25 единици. Минималната доза на ботокс нема да Ви овозможи леден изглед на лицето.

viviacenter.com
viviacenter.com

Baby ботоксот може да се инјектира на секој дел од лицето. Најдобро е да се употребува за суптилни промени или  за избришаните фини линии на лицето, особено кај очите. Сепак, за бришење на блабоките бори не е доволен. Значи, може да се употребува само за фини до умерени бори.

Доколку сакате да промените нешто на Вашето лице, а тоа да не изгледа како драстична промена, ваквиот третман е идеален за Вас. Ќе добиете природен изглед според индивидуалните потреби.

thesun.co.uk
thesun.co.uk

Ваквиот третман можат да го употребат и лицата кои немаат бори, како превентива во своите дваесети години.

Наместо да одите на секои 3 до 6 месеци на третман со стандардната доза ботокс, односно кога неговото дејство потполно ќе престане, месечниот baby ботокс може да го одржува Вашиот младелашки изглед.

 

Е.С.

 

photo1/ blogs.mujerhoy.com

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeн текстот.