Маслиново масло за убава кожа, коса и нокти

Дали знаевте дека покрај стиковите и мастите за нега на испукани усни, постои решение и со друг производ? Mаслиновото масло исто така може да Ви помогне кога имате проблем со испукани усни.
Се што треба да направите е да натопите на памукче малку маслиново масло и да го држите неколку минути на усните.

маслиново масло за усни

И не само за усни, маслиновото масло може да го примените и во следните случаи:

  • За вадење на шминка, претходно натопено во памукче.
  • За хидратација на кожата. Ја хидратира и омекнува кожата, па се препорачува за сува, рапава и испукана кожа, посебно на петите, лактите и рацете.
  • За заштита на кожата од дејството на сончевите зраци и од предвремено стареење
  • Како купка за бањање за мазна и сјајна кожа (се посипуваат неколку лажичиња).
  • За нега на косата така што го храни и јакне коренот на косата со што поволно влијае на нејзиниот раст, го смирува надразнетиот скалп, ја хидратира и негува сувата и оштетена коса.
  • За нега на ноктите. Ги омекнува кутикулите на ноктите и ги храни, негува и јакне ноктите.

маслинки

Ц.Б.