Чиа пудинг со јагоди

Сезоната на јаготките е започната, па зошто да не почнеме да ги консумираме свежи наместо замрзнати? Овој пат Ви предлагаме да си подготвите вкусен чиа пудинг со свежи јагоди за десерт.

pinterest.com
pinterest.com

Потребни состојки:

1 шолја јагоди

1 шолја кокосово млеко

1 супена лажица екстракт од ванила

6 супени лажици чиа семе

Начин на подготовка:

Јагодите, млекото и ванилата ставете ги во блендер и изблендирајте ги. Содржината сипете ја во тегла со капак и додадете ги семките чиа. Добро промешајте и оставете да отстои во фрижидер најмалку 1 час.

Содржината сипете ја во 2 чаши и додадете цели јагоди врз пудингот.

Сервирајте ладно.

marikosakata.com
marikosakata.com

На здравје!

 

Е.С.

 

photo1/ sproutedroutes.com

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeн текстот.