Кој е клучот за успех во љубовта?

,,Најажно е партнерите да се искрени, да имаат заемна доверба, да се почитуваат, да си посветуваат доволно внимание еден на друг и пред се да се најдобри пријатели“.

ГАЛА-девојка, 25

,,Клучот за успех во љубовта, за мене е можноста да го ислушам својот партнер ,а и тој мене. Мислам дека, секоја врска во која не постои разбирање и простор само за себе, е врска осудена на пропаст. А врската во која имате барем и малку време во кое ќе го ислушате својот партнер и ќе пробате да ги видите работите од негова перспектива, и притоа нема да го гушите и ќе му дозволувате да помине некое време сам за да ги прави работите кои него го иполнуваат, е потполна и успешна врска“.  

ГАЛА-девојка, 26

,,Три работи-доверба, взаемна почит и секако одлична комуникација. Се додека овие три работи се присутни, секој проблем може да се реши. Најдлабоко ја препорачувам книгата ,,5те јазици на љубовта’’ за сите парови, во која лесно може да го препознаете начинот на кој вие изразувате љубов, кој можеби е различен од оној на вашиот партнер, а со тоа ќе си помогнете подобро да разберете како да давате и примате љубоб. И најважно од се: Давајте искрена љубов и многу побрзо ќе ја добиете назад, за разлика од оние што само ќе чекаат да ја добијат без да ја дадат“.

ГАЛА-девојка, 26

 „Да бидете еден за друг во тажните и среќните моменти и да умеете да ги препознаете тие моменти и за истите да пристапите без да ви е побарана помош. Љубовта која постои треба да се одржува и негува за да не ја загуби својата цврстина и своето значење“.

ГАЛА-девојка, 25