Оваа пролет и лето во пастелни бои/ галерија

Оваа пролет и лето се актуелни пастелните нијанси на жолтата, сината, зелената, портокаловата, розовата и виолетовата боја.

Вложете во неколку основни пастелни парчиња облека и искомбинирајте ги со оние парчиња кои веќе ги имате. Ваквите комбинации ќе можете да ги носите во текот на целиот ден, на работа, на прошетки или на вечерни излегувања.

Пастелните нијанси најдобро одат во комбинација со белата и сивата боја, но тоа не значи дека другите бои треба да се изостават. Искомбинирајте ги со различни нијанси од една иста боја и добијте прекрасен монохроматски изглед. Исто така, можете да направите комбинација од две различни пастелни бои.

Ви предлагаме да го погледнете нашиот избор на пролетни комбинации на облека.

 

Е.С.

 

Photos/pinterest.com

 

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeн текстот.