Полнети тиквички со ориз и печурки

Овие полнети тиквички можат да послужат и како предјадење и како главно јадење. Едноставни се и лесни за подготовка.

2-2

Потребни состојки:

6-7 тиквички

200 гр ориз

200 гр печурки

300 гр доматен сос

2 домати

250 гр рендан кашкавал

1 супена лажица маргарин

1 кромид

2-3 чешниња лук

Маслиново масло

1 шака сецкан магданос

Сол и бибер

Начин на подготовка:

Со лажичка се отстранува внатрешниот дел од тиквичките. Се посолуваат и се додава малку маслиново масло. Се ставаат да се печат на температура од 180°С, околу 15-20 минути.

Оризот се вари, а откако ќе се свари, се додава маргаринот и се остава да се олади.

На малку масло се динста сецканиот лук и кромид.

Отстранетиот внатрешен дел од тиквичките се ренда, а потоа се додава во тавчето со лук и кромид, се пропржува и се додаваат сецканите печурки, домат и доматен сос.

Добиената смеса се става во тиквичките и се прекриваат со рендан кашкавал. Полнетите тиквички се оставаат да се печат во претходно загреана рерна на 180°С уште 15 минути.

При сервирање се додава сецкан магданос.

На здравје!

 

Е.С.

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeн текстот.