Како да носите панталони со широки ногавици?

Масивното количество на материјал што го имаат ваквите панталони е добредојдено за ниските девојки и жени, бидејќи визуелно ја издолжуваат женската фигура. Уште подобро ќе биде доколку овие панталони имаат висок струк и ги комбинирате со чевли со висока пета.

Кога станува збор за изборот на бојата и принтот, избирајте еднобојни, неутрални панталони доколку сакате да ги носите на работа. Доколку пак, сакате да ги носите на прошетки или вечерни излегувања одберете панталони со весел цветен принт, со светли бои.

Изберете панталони со лесен материјал, бидејќи ќе бидат одличен избор за топлите летни денови. Погледнете го нашиот избор:

 

Е.С.

 

Photos/pinterest.com

 

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeн текстот.