Чорба од цвекло, во комбинација со Хроно леб

Потребни состојки:

200 гр кисела павлака

3 л говедска супа

1 кг младо цвекло

1 кромид

Малку путер

Мајчина душица

Магданос

Сол

marthastewart.com
marthastewart.com

Начин на подготовка:

Цвеклото и кромидот се лупат, а потоа се ставаат да се варат. Вареното цвекло и кромид се пасираат, па повторно се враќаат во водата во која се варело.

Во водата се додава говедската супа и се остава малку да врие.

Се додава путерот и зачините.

Се сервира во длабоки чинии и се додава малку павлака во секоја чинија посебно.

На здравје!

mycaliforniaroots.com
mycaliforniaroots.com

Со оваа чорба може да комбинирате Премиум диет Хроно леб од Уни Лукс. Здрава комбинација за целото семејство

1-1

 

Е.С.

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeн текстот.