Совети за вежбање на високи температури

 

Постојат луѓе кои тренираат постојано за во текот на летото да бидат фит, но постојат и луѓе кои тренираат во текот на целата година, вклучувајќи го и летото. Секако дека е во ред да се тренира и во текот на летото, но стручните лица препорачуваат вежбите да бидат со помал интензитет.

Не се препорачува вежбање во периодот од 10 часот наутро до 17 часот попладне, туку во утринските и вечерните часови кога температурата е пониска.

blog.lifeleisure.net
blog.lifeleisure.net

Исто така, поради топлото време зголемено е нивото на дехидрираност на телото, особено доколку вежбате надвор, а не во теретана. Секогаш пред тренинг испијте од една до две чаши вода, но не заборавајте со себе да си понесете и шишенце со вода. Никогаш не пијте вода само кога сте жедни, бидејќи тогаш телото е веќе дехидрирано. Во тој случај можат да се појават вртоглевици и несвестици.

Во текот на вежбањето треба на себе да имате пријатна памучна облека, а не тесна облека составена од полиестер која ќе Ве поти дополнително.

skincancer.org
skincancer.org

Избегнувајте вежбање на Сонце и во секој момент доколку е можно бирајте да застанете под сенка и да вежбате. И никако не заборавајте на себе да ставите крема со заштитен фактор, без разлика на тоа колку слабо Ви се чини Сонцето.

 

Е.С.

 

photo1/ paspapt.com

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeн текстот.