Рецепт: Свежа салата со лубеница

Идејата за салата од лубеница во комбинација со домат, краставица и сирење можеби ќе Ви звучи чудно, но Ве советуваме да ја пробате. Веруваме дека ќе стане една од Вашите омилени салати.

2-2

Потребни состојки:

1 домат

1 помала краставица

1 шолја лубеница сецкана на коцки

1 авокадо

1 шолја фета сирење сецкано на коцки

Малку сецкан свеж магданос

Малку сецкан свеж босилок

3 супени лажици маслиново масло

3 супени лажици балсамико оцет

Сол и бибер по вкус

Начин на подготовка:

Во длабок сад се ставаат сите состојки, претходно исецкани на коцки. Потоа, се додаваат зачините, се промешува и салатата е спремна за консумирање.

На здравје!

 

Е.С.

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeн текстот.