„BLUE MAJIK“ – микро алга како супер-храна

Во последно време во светот сè почесто се употребува супстанцата Blue Majik која спаѓа во категоријата супер храна.

Blue Majik е всушност микро алга на зелената спирулина, која нѝ е веќе позната. Има интензивно сино-тиркизна боја, поради и која стана доста популарна. Но, освен убава боја која ја има, таа е доста богата со витамини, особено витаминот Б12 кој е особено важен за вегетаријанците и веганите, бидејќи го заменува месото, бета-каротен, ензими, железо протеини и минерали.

2-2

Сината боја ја добива од C-phycocyanin кои се всушност протеини богати со аминокиселини. Богати се со антиоксиданси со антиинфламаторни дејства. Помага при варењето на храната.

3-3

Blue Majik може да се најде во прашкаста форма. Може да се додава во протеински напитоци, коктели, smoothie, сокови, во чаша млеко без разлика на тоа дали е од растително или животинско потекло, во појадок со житарки, слатки и колачи, сладолед, чиа пудинг, па дури и во кафе. Во некои земји веќе се продаваат и пијалоци со оваа супстанца.

4-4

5-5

Е.С.

 

photos/pinterest, greensofthestoneage.com, thespruceeats.com

 

*За примена на препораките во текстовите поврзани со здравје и исхрана, доколку е потребно, претходно консултирајте се со стручно лице.

*Доколку преземете содржина од mygalalife.com, задолжително е да се постави извор од каде е преземeн текстот.